Минатата година Македонија беше соочена со најдиректна закана за нејзината безбедност. Четири долги години луѓе вработени во државната безбедност контролирани и диригирани од Зоран Верушевски ја подривале безбедноста на Македонија, со една и единствена цел да ја оцрнат Република Македонија, да ги оцрнат функционерите што се на власт, да ги урнисат институциите, Република Македонија д а ја стават на колена, истакна аналитичарот Александар Пандов од Граѓанското движење за одбарана на Македонија на протестот пред Собранието на РМ заради аболицирањето на Заев и Верушевски.
-Зоран Заев и Зоран Верушевски се двајцата главни актери за ова. Тие се крвници на Република Македонија, тие се луѓе кои си ја продале душата за долари, луѓе кои не бираат средства како да дојдат на власт. Сакаат исто сценарио од 2001-ва. Нивниот обид сега е да ставиме рака меѓу себе, Македонци меѓу Македонци да се тепаме- вели Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.