
На денешното извлекување на групите во Дубровник, Хрватска, Македонската машка јуниорска репрезентација (У20) за противници на ЕП 2016 ги доби Норвешка, Холандија и домаќинот Данска.
Европското Првенство ќе се игра во Данска во периодот од 28 јули до 7 август 2016 година. Според системот на натпреварување, најдобропласираните две репрезентации ќе се пласираат во наредната фаза.
Група А: Франција, Швајцарија, Србија, Полска
Група Б: Шпанија, Исланд, Словенија, Русија
Група Ц: Данска, Норвешка, Холандија, МАКЕДОНИЈА
Група Д: Унгарија, Германија Хрватска, Шведска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


