Од продуцентот Џ.Џ.Абрамс ни пристигнува фантастичниот трилер „Кловерфилдска 10“, филм од кој ќе научиме многу вештини за преживување. Филмот ќе ви го задржи вниманието до самиот крај и ќе ви создаде голема тензија при исчекувањето на тоа што ќе направат следно карактерите.
Режисерот Ден Трахтенберг изјавил дека никогаш не сакал да извади цел трејлер за филмот, само инсерти што се фокусираат на исти елементи од филмот, за да не знаат гледачите на филмот што ги очекува. Се појавува апокалиптична инвазија од вонземјани од перспектива на мал број на обичните луѓе. Но, дали е тоа така? Централно прашање на филмот е дали воопшто постои каква било инвазија од вонземјани? Главни улоги се тројца актери кои се заглавени во подземен бункер за да ги преживеат нуклеарните напади и нарушувањето на средината или „инвазијата од вонземјани“.
„Хардкор Хенри“ е акциски филм во прво лице перспектива: сѐ што се случува се прикажува низ очите на Хенри. Филмот е снимен со поставена ГоПро камера на главата на актерот и гледаме низ очите на Хери како тој пука, како конфузно гледа надолу во новите инсталирани моќни приклучоци во неговите гради, како инженери му ги поставуваат електромеханичките раце и нозе. Тој не знае што се случува, кој е или што прави. Бега од голема група на луѓе во непознатиот град Москва и секој го сака мртов.
Во „Новите авантури на Аладин“, двајца крадци, Сем и Калид, ќе се обидат да ограбат еден трговски центар, но ќе ги фатат едни деца, а за да се извлечат од ситуацијата, Сем започнува да им ја раскажува неговата верзија на приказната за Аладин. Преземајќи ја улогата на Аладин, Сем ќе започне авантура во срцето на Багдад, градот на илјадниците богатства, каде што луѓето во него страдаат од тиранијата на ужасниот Везир. Дали младиот крадец Аладин, со помош на Духот од ламбата, ќе успее да им стави крај на злобните планови на Везирот, да го спаси Калид и да го освои срцето на принцезата Шалиа? Да, всушност ќе успее. Но, тоа нема да биде лесно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.