| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободувањето од кривичен прогон на Заев и Верушевски предизвика гнев во ВМРО-ДПМНЕ

zaev verusevski

Зоран Заев стана најаболираниот политичар не само во Македонија туку и во светот. Тој е единствениот граѓанин во Македонија кому му успеало да биде ослободен од кривична одговорност од двајца претседатели.

Првиот пат, Заев беше аболиран од Бранко Црвенсковски за криминал тежок 7 милиони евра, а сега Ѓорге Иванов ги прекина постапките за за случајот „Пуч“ и за поткуп во случајот во кој Заев бараше по едно евра за црквата и по едно за брат му Вице.

Во ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека аболираниот криминалец Зоран Заев е единствениот што е над законите во Македонија и бараат конечно да одговара пред лицето на правдата.

Аболицијата дадена од Црвенковски очигледно не го вразумила човекот што стана синоним за криминал во државата. Како што во повеќенаврати политичките аналитичари коментираа, анализирајќи ги постапките на лидерот на СДСМ, тој само дополнително се мотивирал за поголема деструкција и поагресивно делување против државата, мислејќи за себе дека е неказнив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top