Либерално-демократската партија попладнево преку соопштение реагираше на одлуката што денеска ја донесе претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Во реакцијата се оценува дека одлуката е антидржавна и противуставна и оти таа значи поништување на договорот од Пржино и укинување на Специјалното јавно обвинителство.
ЛДП го повика претседателот Иванов да си поднесе оставка, а сите граѓани кои не се согласуваат со ваквата одлука вечерва да го искажат својот став пред резиденцијата на македонскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.