Марокански државјанин денеска се соочи со судот во Дизелдорф во првиот процес за сексуалното насилство што се случи за Нова година во неколку германски градови. Најголем број од нападите врз жени, повеќе од 550, се случија во Келн.
Досега за истите настани неколку Северноафриканци беа обвинети за кражба, а полицијата која досега пронајде повеќе од 70 учесници на настаните смета дека некои од напаѓачите никогаш нема да бидат пронајдени.
Мароканецот на возраст од 33 години кој се соочува со затворска казна бил идентификуван како напаѓач откако една од жртвите го видела како дава изјава на телевизија.
Според обвинението, Мароканецот идентификуван како Туфик М. бил дел од група од дваесетина луѓе кои ги опкружувале жртвите и сексуално ги злоставувале. Според повеќе од 1.000 поплаки од жени од неколку поголеми германски градови напаѓачите биле од Северна Африка, а медиумите пренесоа дека тие во Германија дошле илегално или имаат статус на баратели на азил. Сексуалните напади за Нова година значително влијаеја на политичката ситуација во Германија и на зголемување на рејтингот на крајно десничарската партија АФД која на регионалните избори во март освои двоцифрена поддршка во трите покраини каде што се одржаа избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.