Храбар колумбиски полицаец стекна светска слава на интернет откако преку ноќ се прошири на социјалните мрежи драматично видео од безбедносни камери на железничка станица во градот Меделин во Колумбија.
Камерите го регистрирале моментот кога полицаецот Густаво Чапаро на железничката станица брзо реагирал и му го спасил животот на маж кој за малку ќе паднеше под воз. Непознатиот маж најверојатно не го забележа возот кој во истиот момент доаѓаше на станицата, па се наведна да види дали доаѓа, но да не изреагираше полицаецот во истиот момент, возот ќе беше последното нешто што го видел во животот.
Скромниот полиацец изразил благодарност до сите што го поддржале но сепак рекол дека не се чувствува како херој затоа што неговата работа е да ја чува и да и служи на заедницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


