| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец стана херој на интернет откако спаси човек од сигурна смрт (видео)

colombia vozХрабар колумбиски полицаец стекна светска слава на интернет откако преку ноќ се прошири на социјалните мрежи драматично видео од безбедносни камери на железничка станица во градот Меделин во Колумбија.

Камерите го регистрирале моментот кога полицаецот Густаво Чапаро на железничката станица брзо реагирал и му го спасил животот на маж кој за малку ќе паднеше под воз. Непознатиот маж најверојатно не го забележа возот кој во истиот момент доаѓаше на станицата, па се наведна да види дали доаѓа, но да не изреагираше полицаецот во истиот момент, возот ќе беше последното нешто што го видел во животот.

Скромниот полиацец   изразил благодарност до сите што го поддржале но сепак рекол дека не се чувствува како херој затоа што неговата работа е да ја чува и да и служи на заедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top