| четврток, 6 декември 2018 |

Спалети: Тоти не е принц, тој е фудбалер како и сите други

spaleti i toti

Откако се врати на „Олимпико“, тренерот на Рома, Лучијано Спалети, се соочува со голем проблем, добива критики за малата минутажа што му ја доделува на легендарниот фудбалер на овој клуб, Франческо Тоти. Тој е икона на клубот, навивачите од милост го нарекуваат „Принцот на Рим“, но Спалети не сака да се раководи според тоа.

– Кон Франческо се однесувам професионално, како и кон секој друг фудбалер. И мислам дека сум еден од ретките што тоа го прави. Ќе го ставам во тимот само доколку го заслужува тоа во моментот повеќе од некој друг фудбалер. И само тоа е искрен однос. Сето друго, со ставовите дека тој е „Принцот од Рим“ и мора да игра, не му помагаат на тимот. Мислам дека и некои медиуми не се искрени кон Тоти, сакаат да го уфрлам во игра без разлика на неговата форма во моментот. Но, тоа не би било фер кон останатите фудбалери – истакнува Спалети.

Рома вечерва на домашен терен ја пречекува Болоња, во последниот меч од 32.коло во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top