| четврток, 6 декември 2018 |

Нови терористички напади ѝ се закануваат на Европа

Францускиот премиер Мануел Валс денес рекол дека информацијата дека белгиската џихадистичка ќелија планирала уште еден напад на Франција, е доказ за постоењето на зголемената закана за таа земја.

– Тоа е дополнителен доказ за многу сериозната закана за цела Европа и посебно Франција – рекол тој на прес-конференцијата за време на посетата на Алжир, пренесува АФП.

evropa1

– Ние нема да го спуштиме гардот – додал Валс и навел дека заканата сè уште постои и дека затоа мора да се мобилизираме.

Организаторите на терористичките напади на Брисел, во кои на 22 март загинаа 32 лица, првобитно планирале да извршат нов напад на Париз, но подоцна, сепак, се решиле за белгиската престолнина по апсењето на некои од главните осомничени, соопштило вчера белгиското државно обвинителство.
napad

„Многубројни елементи од истрагата покажаа дека терористичката група првобитно имала намера повторно да изврши напад во Франција“, стои во соопштението на белгискиот обвинител, пренесува „Ројтерс“.

– Бидејќи биле изненадени од брзината и напредокот на истрагата, донеле одлука нападот да го извршат во Брисел – истакнал обвинителот.

Истражните органи откриле блиска поврзаност помеѓу ќелиите кои стојат зад нападот во Брисел и групата која во ноември извршила напади во Париз, во кои настрадале 130 луѓе.

Обвинителството навело дека Мохамед Абрини, кој и претходно бил обвинет за учество во нападите во Париз во ноември минатата година, сега е обвинет за „терористички убиства“ извршени во текот на минатомесечниот напад на Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top