| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ-фан­том­ска: Ба­раа кри­ми­нал­ци, се нај­доа се­бе­си

Кој мо­же да прес­ме­та кол­ку нѐ чи­ни сра­мот на­ре­чен „чи­сте­ње из­би­рач­ки­от спи­сок“? Не са­мо фи­нан­си­ски, за те­рен­ски­те про­вер­ки и за рек­ла­ма­та „Пу­ште­те го ДИК да ви вле­зе“, ту­ку во­оп­што ка­ко др­жа­ва, ка­ко оп­штес­тво, пред са­ми­те се­бе, ко­га и по­крај си­те очиг­лед­ни фа­кти, пре­тен­дент за пре­ми­ер ис­црп­но об­јас­ну­ва „џа­бе гла­са­те“, ко­га не­кој „ќе туп­не 200-300.000 лив­чи­ња во ку­ти­и­те“? Таа сме­тка на­ско­ро ќе би­де ис­по­ра­ча­на, а до­то­гаш ќе се за­ни­ма­ва­ме со се­којд­нев­но пре­поз­на­ва­ње на „фан­то­ми­те“

n187-1

Пре­ба­ру­ва­ње­то низ из­би­рач­ки­от спи­сок мо­же да би­де но­ва­та ка­те­го­ри­ја во Ма­ке­дон­ски­от олим­пи­ски ко­ми­тет. Со си­те си­ли опо­зи­ци­ја­та со го­ди­ни се оби­ду­ва да об­ви­ни „фан­то­ми“ и дру­ги не­ре­ал­ни со­би­ти­ја за из­бор­ни­те по­ра­зи (се­те­те се на изу­мот обе­ле­жу­ва­ње со ма­сти­ло), глав­на атрак­ци­ја во оп­штес­тво­то пос­лед­ни­те три ме­се­ци ста­на оп­се­си­ја­та кој на ко­ја адре­са ќе би­де про­нај­ден на из­би­рач­ки­от спи­сок.

И дој­де мо­мен­тот на об­ја­ву­ва­ње на тие што се нај­доа на спи­со­кот по­ми­нат низ си­те опре­де­ле­ни фил­три, кои се по­тен­ци­јал­ни „фан­том­ски гла­са­чи“. До­де­ка пр­ви­от со­ци­јал­де­мо­крат Зо­ран За­ев ис­црп­но об­јас­ну­ва со ми­кро­фон в ра­ка „џа­бе е, ќе гла­сам јас ка­ко што мис­лам, ќе гла­са­те вие ка­ко што мис­ли­те, џа­бе е, не­кој 200-300.000 гла­со­ви фан­том­ски ќе ги тут­не на ед­но ме­сто и не­ма сло­бод­но изра­зе­на вол­ја на гра­ѓа­ни­те“ – фан­то­ми­те до­би­ја мно­гу звуч­ни ими­ња и тоа ток­му од не­го­ва­та пар­ти­ја.

На при­мер, Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска не знае де­ка се­стра ѝ не гла­са, а неј­зи­но­то лив­че го пре­пу­шта на зло­у­по­тре­би? Или, мо­же­би, гла­са на две ме­ста – и тоа за про­тив­нич­ки­от тим? Гла­вен „фан­том“ за гу­бе­ње­то на из­бо­ри­те за гра­до­на­чал­ник на Скоп­је од Ко­це Тра­ја­нов­ски да ти бил Ја­ни Ма­кра­ду­ли! А, чо­ве­кот не са­мо што е истак­нат член на СДСМ, ту­ку лич­но бе­ше и про­ти­вкан­ди­дат на Тра­ја­нов­ски! А фан­то­ми се и Гор­дан Ге­ор­ги­ев, Фи­јат и Се­фер Ца­но­ски, па пр­во­бор­ци­те Ерол Ри­за­ов, Ида Про­ту­ѓер, Мир­ја­на Нај­чев­ска, ка­ко и Пав­ле Тра­ја­нов, но и ред дру­ги по­ра­ди кои СДСМ „фан­том­ски ги гу­бат из­бо­ри­те“. Се­ка­ко, за­тоа што фан­том­ски гла­са­ле про­тив СДСМ. Фан­то­ми има и ме­ѓу спе­ци­јал­ни­те об­ви­ни­те­ли ка­ко Га­врил Бу­бев­ски или се­стра­та на Ка­ти­ца Ја­не­ва. Се­га Ја­не­ва, на­ви­сти­на, тре­ба да образ­ло­жи ка­ко неј­зи­но­то се­мејс­тво и тим при­до­не­ле кон твр­де­ња­та за ле­ги­тим­но­ста на ин­сти­ту­ци­и­те.

Се­га ток­му тие тре­ба да го при­мат ДИК во до­мот. Но не се са­мо тие,  во јав­но­ста и во ме­ди­у­ми­те се об­ја­ви­ја и мно­гу дру­ги звуч­ни ими­ња што беа про­нај­де­ни во таа ли­ста на „сом­ни­тел­ни гла­са­чи“. Без на­ме­ра да нав­ле­гу­ва­ме (и да се по­вто­ру­ва­ме) кои беа тие во де­та­ли, ќе спо­ме­не­ме де­ка ме­ѓу нив се нај­доа и мно­гу ли­ца што се здо­би­ја со ма­ке­дон­ско др­жав­јанс­тво, а се од об­ла­ста на спор­тот, умет­но­ста, на­у­ка­та. На при­мер, мно­гу е ин­те­рес­но ка­ко на рек­ла­ма­та на ДИК, во ко­ја по­ви­ку­ва да им се отво­ри вра­та­та, ќе изре­а­ги­ра акте­рот Ра­де Шер­бе­џи­ја, или, на при­мер, еми­нент­ни­от еко­но­мист Исак Ади­жес?

Не­бу­ло­зи­те со из­би­рач­ки­от спи­сок мо­же да одат (и ќе одат) до не­дог­лед, осо­бе­но отка­ко и ДИК се впу­шти во кре­и­ра­ње­то ха­ос и не­до­вер­ба кон спи­со­кот.

image

СДСМ ја кре­и­ра­ше во ДИК не­до­вер­ба­та што ја чи­сти се­га

Пред из­вес­но вре­ме, под за­кри­ла на за­кон­ска об­вр­ска, ко­ми­си­ја­та на Чи­ча­ков­ски об­ја­ви спи­сок од МВР за кој ком­пе­тент­ни­те оце­ни­ја де­ка не са­мо што е не­комп­ле­тен ту­ку и де­ка е на­мер­но об­ја­вен за днев­но­по­ли­тич­ки це­ли на СДСМ.  То­гаш Але­ксан­дар Но­ва­ков­ски, по­ра­не­шен пре­тсе­да­тел на ДИК од ре­до­ви­те на СДСМ, оце­ни де­ка ДИК на­мер­но об­ја­вил за­ста­рен не­а­жу­ри­ран спи­сок.

– Со ог­лед на тоа де­ка не стои зад по­да­то­ци­те во оваа ап­ли­ка­ци­ја, ка­жу­ва де­ка тоа се по­да­то­ци ажу­ри­ра­ни од За­во­дот за ста­ти­сти­ка, не ка­жу­ва де­ка се неј­зи­ни, зна­чи, ДИК се вклу­чу­ва ди­рект­но во ха­о­сот – ко­мен­ти­ра­ше Але­ксан­дар Но­ва­ков­ски за еден од прет­ход­ни­те бро­е­ви на „Ре­пуб­ли­ка“. За не­го, це­ла­та си­ту­а­ци­ја ука­жу­ва­ла на ма­ни­пу­ла­ци­ја уште отка­ко опо­зи­ци­ја­та за­ста­на про­тив пред­ло­гот за актив­на ре­ги­стра­ци­ја на гла­са­чи­те.

За на­ме­ра­та за соз­да­ва­ње лаж­на­та сли­ка и но­ва не­до­вер­ба кон спи­со­кот, го­во­ри и ко­ор­ди­на­ци­ја­та ме­ѓу ДИК и та­ка­на­ре­че­на­та „ан­га­жи­ра­на јав­ност“, вед­наш по об­ја­ву­ва­ње­то на не­про­чи­сте­ни­от спи­сок со си­те по­да­то­ци на по­че­ток на март, да би­дат „црп­на­ти“ лу­ѓе со исти и слич­ни ими­ња  со чле­но­ви на ВМРО-ДПМНЕ за да мо­же да се на­до­пол­ни сли­ка­та за евен­ту­а­лен из­бо­рен кри­ми­нал. Ко­ор­ди­на­ци­ја­та про­дол­жи и со об­ја­ву­ва­ње на број­ки­те на „сом­ни­тел­ни гла­са­чи“ по се­ко­ја но­ва фа­за на про­вер­ка, со чи­ја­што по­мош и не­поз­на­та ма­те­ма­ти­ка се дој­де до фра­пант­на број­ка за не­воз­мож­ни 500.000 ос­по­ру­ва­ни гла­со­ви.

Мол­кот то­гаш бе­ше ка­ра­кте­ри­сти­ка за ДИК. За­тоа, ин­те­ре­сен мо­мент за ана­ли­за бе­ше вре­со­кот што го про­из­ве­доа глас­ни­те жи­ци на опо­зи­ци­ја­та де­ка не­ма по­тре­ба од об­ја­ву­ва­ње на „ли­ста­та за про­вер­ка“ и де­ка со неа ќе се „на­ру­ши при­ват­но­ста“, но и де­ка би се оста­ви­ло про­стор да се „пре­гру­пи­ра­ат фан­то­ми­те“.

Цве­тин Чи­ли­ма­нов, но­ви­нар, кој не­о­дам­на бе­ше на „ТВ-ду­ел“ со еден од за­стап­ни­ци­те на фан­том­ска­та те­о­ри­ја, сме­та де­ка е ин­те­рес­но ка­ко се­га се ко­ри­сти ар­гу­мен­тот за за­шти­та на при­ват­но­ста, по ед­на и пол го­ди­на  во ко­ја СДСМ, ме­ди­у­ми­те и нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции по­вр­за­ни со оваа пар­ти­ја,  без пар­дон, нав­ле­гу­ваа во при­ват­но­ста на гра­ѓа­ни­те са­мо за да по­стиг­нат по­ли­тич­ки по­е­ни, тр­гу­ваа со иле­гал­но и тај­но сни­ме­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри со сом­ни­тел­на автен­тич­ност и, ко­неч­но, отво­ре­но пре­ми­наа на уце­ни со на­па­ди врз при­ват­но­ста и врз де­лов­ни тај­ни.

– До вче­ра СДСМ и не­го­ви­те бли­ски кре­а­то­ри на јав­но­то мис­ле­ње, бу­квал­но, гле­даа се­ир и се ли­га­веа око­лу об­ја­ву­ва­ње­то на це­лос­ни­от спи­сок. Изо­ста­на по­се­ри­оз­на ре­ак­ци­ја во јав­но­ста про­тив оваа пра­кти­ка, од раз­бир­ли­ви при­чи­ни – се­кој што мис­ле­ше да ре­а­ги­ра вед­наш ќе бе­ше прог­ла­сен за со­у­чес­ник во на­вод­ни из­бор­ни ма­ни­пу­ла­ции и до­пол­ни­тел­но ќе му да­де­ше го­ри­во на СДСМ во не­го­во­то ин­си­сти­ра­ње де­ка из­бор­ни­те по­ра­зи не се дол­жат на тоа што и ли­де­рот и пар­ти­ја­та им се во со­стој­ба на ха­ва­ри­ја, ту­ку на евен­ту­ал­ни из­ма­ми. Но, се­га, со ло­гич­но­то и кон­се­квент­но об­ја­ву­ва­ње на спи­со­кот на ли­ца на кои тре­ба да се обр­не до­пол­ни­тел­но вни­ма­ние, одед­наш СДСМ ба­ра да се за­пре об­ја­ву­ва­ње­то на ими­ња и на спи­со­ци, отка­ко се по­ка­жа де­ка со­др­жа­ни­те по­да­то­ци ни­ту по број, ни­ту по со­др­жи­на не од­го­ва­ра­ат на при­каз­на­та што упор­но се оби­ду­ва­ат да ни ја про­да­дат. На спи­со­кот, ме­ѓу поз­на­ти­те ли­ца, во­дат лу­ѓе од СДСМ, а ме­ѓу не­поз­на­ти­те, во­дат оп­шти­ни што со ни­што не при­до­не­су­ва­ат кон по­бед­нич­ка­та мар­ги­на на ВМРО-ДПМНЕ, на­про­тив до­да­ва Чи­ли­ма­нов.

Ма­ни­пу­ла­ци­и­те из­ле­гу­ва­ат на ви­де­ли­на

Се­га се чи­ни де­ка беа за­луд­ни ука­жу­ва­ња­та на лу­ѓе­то што со го­ди­ни се за­ни­ма­ва­ат со из­би­рач­ки­от спи­сок, кои ука­жу­ваа де­ка из­би­рач­ко­то пра­во се опре­де­лу­ва со др­жав­јанс­тво­то, а не со ме­сто­то на жи­ве­е­ње.  Суб­хи Ја­ку­пи, дол­го­го­ди­шен член на Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја, по­со­чу­ва­ше де­ка спи­со­кот е ре­а­лен. Пот­пре­тсе­да­те­лот на ДИК, струч­њак со до­кто­рат на те­ма из­бо­ри, не­о­дам­на ве­ле­ше де­ка Ја­ку­пи сме­та де­ка во јав­но­ста мно­гу се ма­ни­пу­ли­ра со из­би­рач­ки­от спи­сок, осо­бе­но со тоа кој мо­же да се нај­де во не­го. По­пи­сот на на­се­ле­ни­е­то не ја одре­ду­ва и број­ка­та на гла­са­чи, ту­ку др­жав­јанс­тво­то . Тој ве­ли де­ка број­ка­та на гла­са­чи из­не­су­ва 1.804.000. Со по­да­ток од МВР што го из­не­се Ја­ку­пи, од 2010 го­ди­на Р. Ма­ке­до­ни­ја има 2.410.000 др­жав­ја­ни. Ма­ло­лет­ни, од­нос­но под 18 го­ди­ни има 530.000, што зна­чи де­ка број­ки­те се сов­па­ѓа­ат, об­јас­ни во ме­ди­у­ми­те пот­пре­тсе­да­те­лот на ДИК. За не­бу­ло­зи­те што ги пре­диз­ви­каа СДСМ и са­те­лит­ски­те пар­тии од опо­зи­ци­ски­от блок, де­ка би тре­ба­ло из­би­рач­ки­от спи­сок да из­не­су­ва ме­ѓу  1.400.000 и 1.500.000 гла­са­чи, зе­мај­ќи пред­вид де­ка во Ма­ке­до­ни­ја жи­ве­ат око­лу 2.022.000 жи­те­ли, од кои 530.000 ма­ло­лет­ни ве­ли де­ка тоа е це­лос­но не­поз­на­ва­ње на проб­ле­ма­ти­ка­та.

stevco-jakimovski-int186-2Стев­чо Ја­ки­мов­ски, пак , во ин­терв­ју­то за „Ре­пуб­ли­ка“ по­со­чи де­ка пред се­кои из­бо­ри по­ли­тич­ки­те пар­тии го до­би­ва­ат из­би­рач­ки­от спи­сок.

Си ги про­ве­ру­ва­ме сво­и­те чле­но­ви, сим­па­ти­зе­ри и гле­да­ме да­ли има не­што сом­ни­тел­но. Огром­но пра­ша­ње е ка­ко во пет из­бор­ни цик­лу­си, се­ко­гаш СДСМ го до­би­ва спи­со­кот и ни­ко­гаш не на­шол за­бе­ле­шки, од­нос­но не­ма­ло ва­кви ано­ма­лии ка­кви што са­ка­ат тие да ги при­ка­жат. Се­га на­ед­наш из­ле­гу­ва­ат ано­ма­лии по­со­чи Ја­ки­мов­ски.

Ва­де­ње­то по­кри­ти­ја за за­гу­бе­ни­те из­бо­ри ста­на ре­дов­на пра­кти­ка на опо­зи­ци­ја­та во пос­лед­на­та де­це­ни­ја, но овој пат ус­пе­а­ја да на­не­сат срам за це­ло­то оп­штес­тво во ме­ѓу­на­род­ни рам­ки. На при­мер, аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да ја спо­де­лу­ва ви­де­о­рек­ла­ма­та на ДИК. Ка­ко да се об­јас­ни по­тоа де­ка вре­ска­ње­то за 500.000 „фан­то­ми“ ре­зул­ти­ра­ше со ед­на ше­сти­на од тоа за про­вер­ка, ме­ѓу кои и до­бар дел опо­зи­ци­о­не­ри, за на крај, по  чи­сте­ње­то, бро­јот да се све­де на нез­на­чи­тел­на број­ка. Не смее да се за­бо­ра­ви де­ка на сме­тка на жа­ле­ње­то на СДСМ, ма­ке­дон­ски­от гла­сач за­ми­ну­ва­ше  од из­би­рач­ко ме­сто со обо­ен но­кот. За­мис­ле­те, до­кол­ку е биз­нис­мен што има сред­ба со стран­ски парт­нер – што се­га ве­ќе и не е тол­ку чуд­но и ре­тко – ќе тре­ба­ше да му об­јас­ну­ва зо­што на сред­ба при­стиг­нал „ла­ки­ран“.

Кој се­га мо­же да прес­ме­та кол­ку ќе нѐ чи­ни сра­мот на­ре­чен „чи­сте­ње на из­би­рач­ки­от спи­сок“? Не са­мо фи­нан­си­ски, за по­ве­ќе од 700 кон­тро­ло­ри на те­рен и за рек­ла­ма­та „Пу­ште­те го ДИК да ви вле­зе“, ту­ку во­оп­што ка­ко др­жа­ва, ка­ко оп­штес­тво, пред са­ми­те се­бе, до­де­ка и по­крај си­те очиг­лед­ни фа­кти, пре­тен­дент за пре­ми­ер ис­црп­но об­јас­ну­ва „џа­бе гла­са­те“, ко­га не­кој „ќе туп­не 200-300.000 лив­чи­ња во ку­ти­и­те“? Таа сме­тка на­ско­ро ќе би­де ис­по­ра­ча­на, а СДСМ уште од се­га стра­ву­ва да­ли про­чи­сту­ва­ње­то на спи­со­кот ќе ја ис­чи­сти и пар­ти­ја­та од ра­ко­водс­тво­то. До­то­гаш, ќе се за­ни­ма­ва­ме со се­којд­нев­но пре­поз­на­ва­ње на фан­то­ми­те. На те­ле­ви­зи­ја.

…..///….

image (1)Фан­том­ска ма­ка

Еден од по­тен­ци­јал­ни­те фан­то­ми, јав­на лич­ност од ме­ди­у­ми­те, за „Ре­пуб­ли­ка“ ве­ли де­ка прет­по­ста­ву­ва зо­што се на­шол на спи­со­кот за про­вер­ка. Ед­но­став­но, си­те лич­ни до­ку­мен­ти на чо­ве­кот се на адре­са од гра­дот од ка­де што е до­се­лен во Скоп­је, ка­де што жи­вее по­дол­го вре­ме. Отка­ко ку­пил и имот, из­ва­дил и лич­на кар­та со скоп­ска адре­са. Се­га ве­ли не му се пок­ло­пу­ва­ат адре­си­те на пат­ни­от до­ку­мент, со тие на лич­на­та кар­та. Се­га, ве­ли, ги че­кам прет­став­ни­ци­те на ДИК.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 187. број на неделникот „Република“, 01.04.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top