| четврток, 6 декември 2018 |

Полска нѐ победи со тактика на пластични шишиња (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Полска славеше над Македонија на отворањето на квалификациите за пласман на Олимписките игри во Рио со 25:20, а голем удел во играта на Полјаците имаше новиот селектор Талант Душебаев, кој на интересен начин го надмудри македонскиот селектор Ивица Обрван

371164-makedonija-ja-zagubi-bitkata-ne-i-vojnata

Нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров беше затворен за време на целата средба, а полската ракометна федерација објави фотографија како Талант им ја објаснил играта на Македонците на своите ракометари. Во соблекувалната, тој ја демонстрирал играта на избраниците на Ивица Обрван со – пластични шишиња!

371278-foto-dushebaev-so-plastichni-shishinja-go-nadmudri-obrvan

Со ова полскиот селектор покажа дека добро ја познава играта на „црвено -жолтите”. Тоа се виде на теренот, бидејќи Македонија и даде само 15 – гола на Полска за 50 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top