-Пораката е примена – кој бесправно поднесува барање за азил, мора во најкусо можно време да ја напушти нашата земја- изјави германскиот министер за вантрешни работи Ханс-Петер Фридрих за весникот „Везеркуриер“. Поради тоа, според него, во последните месеци бројот на азиланти од Србија и Македонија е „многу“ намален.
– Мора да се избегне кај нас да доаѓаат луѓе од земји кои се всушност безбедни, луѓе кои немаат право на азил- рече Фридрих.
Во текот на изминатата година во Германија имало 65.000 баратели на азил, што е пораст на бројот за 41%, што е е највисок број во последните 10 години, нагласи Фридрих.
Во текот на иазминатата година, од една страна, зголемен е бројот на баратели на азил од земји во криза, како Сирија, Ирак, Иран и Авганистан, но од друга страна, има многу баратели од европски земји, како Србија и Македонија, кои не се политички прогонувани и оттука не можат ниту да добијат статус на азилант, информираше тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


