Рекорден број од 10.021 кандидати за азил пристигнале во Шведска во минатата недела со што вкупниот број овааа година е над 122.000.
Националната служба за миграција соопшти денеска дека за првпат откако се води статистика, бројот на новодојдени во Шведска кандидати за азил е над 10.000 за една недела.
Меѓу нив има 2.827 малолетни без придружник што е исто така рекорд.
Повеќе од 4.300 се новодојдени од Авганистан, следуваат 2.720 од Сирија и 1.400 од Ирак.
Според анкета, 41 отсто Швеѓани сакаатд а биде ограничен бројот на одобренија за азил. За споредба, нивниот број во септември беше 29 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.