| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција уапсени фалсификатори на документи за азиланти

idomeni-4-640x366
Грчката полиција уапси шест лица во операција против криминална група, која фалсификувала документи за баратели на азил на грчкиот остров Кос, соопштија грчките власти.

Полицијата заплени компјутери, камери и голем број лажни документи, како и мобилни телефони во претрес на повеќе куќи на островот.

Во Грција во моментов се наоѓаат околу 50 илјади мигранти, од кои многумина живеат во мошне лоши услови во шатори кај местото Идомени.

Грција почна да ги евакуира мигрантите од кампот Идомени на границата со Македонија, додека приливот на бегалци на грчките острови во Егејското Море е намален, соопштија денеска властите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top