| четврток, 6 декември 2018 |

Сензација на стартот на квалификациите за ОИ во Малме, Словенија славеше над „црвената фурија“

slovenija

Репрезентацијата на Словенија фантастично го почна предолимпискиот турнир што се игра во Малме, совладувајќи го европскиот вицешампион Шпанија со резултат 24-21. Словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ по сензацијата со Загреб во ЛШ сега оствари фантастичен резултат и на репрезентативно ниво, успевајќи да најде лек за „црвената фурија“ и широко да ги отвори вратите за својата репрезентација на патот до ОИ во Рио де Жанеиро.

Успехот е уште поголем ако се земе во предвид неверојатното издание на Словенија во второто полувреме, во кое шпанските репрезентативци постигнаа само пет гола. Имено, Шпанија доминираше во првиот дел, на одмор замина со 16-12, на стартот од второто полувреме имаше и пет гола позитива, но потоа избраниците на Вујовиќ благодарение на фантастичната одбрана направија целосен пресврт и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Дел од оваа група покрај Словенија и Шпанија се уште домаќинот Шведска и Иран, а пласман на ОИ обезбедуваат двете најдобри репрезентации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top