| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи ќе настапи осма на втората полуфинална вечер на „Евровизија“

Македонската претставничка на „Евровизија“ Калиопи, според ждрепката,  ќе настапи осма во втората полуфинална вечер на 12 мај.

kaliopi dona 6 (Custom)

Во првата полуфинална вечер, прва ќе настапи Финска, а потоа следат: Грција, Молдавија, Унгарија, Хрватска, Холандија, Ерменија, Сан Марино, Русија, Чешка, Кипар, Австрија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Исланд, Босна и Херцеговина и Малта.

Втората полуфинална вечер започнува со настапот со Летонија, по која следуваат: Полска, Швајцарија, Израел, Белорусија, Србија, Ирска, Македонија, Литванија, Австралија, Словенија, Романија, Бугарија, Данска, Украина, Норвешка, Грузија, Албанија и Белгија.

За редоследот на настапи во финалето ќе се одлучува по второто полуфинале. Првото полуфинале има 18 учесници, а ќе се одржи на 10. мај, додека 19. учесници од второто полуфинале ќе настапат на 12. мај. Големото финале ќе се одржи на 14. мај во Стокхолм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top