Во амбасадата на Република Македонија во Париз отворена изложбата со избрани дела од ликовната колонија Куманово. Истата е дел од годишната програма на Министерството за култура, објави К3 телевизија.
Националната установа Музеј Куманово на изложба во Македонската амбасада во Париз се претстави со избрани дела од четиридецениското опстојување на ликовната колонија. Изложбата која ја организира амбасадата во соработка со музејот со поддршка на Министерството за култура.
На изложбата се поставени осумнаесет дела од светски реномирани уметници како Денис Боувен од Велика Британија, Паоло Чампини од Италија и академски уметници од македонската ликовна сцена Борко Лазески, Ана Темкова, Зоран Јакимовски, Димитар Манев, Веле Ташковски, Рубенс Корубин, Васил Василчев, Нове Франговски, Димитар Малиданов…
Директорката на НУ Музеј Куманово, Анита Цветановска информираше дека се одбрани репрезентативни уметнички дела и е презадовлна од претставувањето пред Париската и Европска јавност.
Реализацијата на изложбата во Париз е проект дел од годинашната програма на Министерството за култура за 2016.
Инаку,Ликовната колонија „Куманово“ се одржува од 1974-та година, првин во конаците на Прохор Пчињски,по што продолжува во Манастирот во село Матејче, а последните десетина година се одржува во Меморијалниот центар АСНОМ. Во соработка со локалната самоуправа на општина Куманово и со поддршката на Министерството за култура во тек се подготовките за организација на ликовната колонија која ќе се одржи во август годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.