| четврток, 6 декември 2018 |

Васил Зафирчев ќе го отвори 9. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“

Актерот и режисер Васил Зафирчев, ќе го отвори 9. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“ кој почнува в сабота, на 9 април.

9to-izdanie-na-itf-lica-bez-maski-2016-01

Пред почетокот на изведбата на претставата „Собуј ги чевлите“, во режија на Петар Ристовски, од „Лудум, Лудум“ театарот од Србија, Зафирчев ќе се обрати пред присутната публика и гостите на фестивалот, на малата сцена на Македонската опера и балет (МОБ).

Во наредните фестивалски денови, се до 12 април, скопската и македонска публика, ќе има можност да види најразлични претстави од Србија, Романија, Грција, Македонија, Русија и Италија.

Билетите за претставите од програмата на „Лица без маски“, се по цена од 200 денари и може да се набават на касата на „Универзална сала-Скопје“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top