Актерот и режисер Васил Зафирчев, ќе го отвори 9. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“ кој почнува в сабота, на 9 април.
Пред почетокот на изведбата на претставата „Собуј ги чевлите“, во режија на Петар Ристовски, од „Лудум, Лудум“ театарот од Србија, Зафирчев ќе се обрати пред присутната публика и гостите на фестивалот, на малата сцена на Македонската опера и балет (МОБ).
Во наредните фестивалски денови, се до 12 април, скопската и македонска публика, ќе има можност да види најразлични претстави од Србија, Романија, Грција, Македонија, Русија и Италија.
Билетите за претставите од програмата на „Лица без маски“, се по цена од 200 денари и може да се набават на касата на „Универзална сала-Скопје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)