Вечерва со почеток од 20.30 часто во Гдањск, Полска започнувааат историските квалификации за Олимписките игри во Рио. Македонската ракометна репрезентација е пред огромоен успех, а македонскиот спорт воопшто е никогашм поблиску од сега за учество на Олимпијада во еден колективен спорт.
Кире, Борко, Филип, Наумче и другарите ќе се обидат да стигнат до толку посакуваното место во квалификациите кое води на ЛОИ во Рио.
Противниците се добро познати, а стратегијата на стручниот штаб и на целото раководство на РФМ заедно со ракометарите посакуваат со две победи да се вратат во Скопје и заедно со целата македонска јавност да се радува на огромниот успех.
Од денеска па се до недела Македонија ќе одигра три натпревари, вечерва против домаќинот Полска, утре против Тунис и в недела македонските ракометари силите ќе ги одмерат со Чиле.
„Министерот за одбрана“ како што сите ние го нарекуваме првиот голман на репрезентацијата, Борко Ристовски пред самото тргнување за Гдањск за Неделникот Република имаше можност да го пренесе ставот на сите репрезентативци.
– Ова не е само историски турнир на нашата генерација, ова е турнир за историјата на Македонија. За првпат една репрезентација во колективен спорт има огромна шанса да стигне до една Олимпијада. Свесни сме за големината на настанот и сме перфектно подготвени да ги израдуваме сите наши симпатизери и целата јавност во нашата држава.
Можеме да се носиме со сите противници и ќе атакуваме на три победи. Но, секако целта и би можело да се каже дека мечот на генерацијата е оној против Тунис в сабота – изјави Борко Ристовски.
Вечерашниот натпревар против Полска започнува од 20.30 часот, а останатите два кои се играат в сабота и в недела се со закажан старт од 18 часот.
Нашата репрезентација нема да биде без подршка од „македонската фаланга“ бидејќи како и досега и овојпат голема бројка на bљубители на ракометот се упатија на северот на Полска за да ја дадат безрезервната подршка на нашите репрезентативци.
МТВ обезбеди пренос од сите три натпревари од квалификациите во Гдањск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.