Претставник на НВО „Башир воч“, која е посветена на тоа да му се суди на претседателот на Судан поради злосторства против човештвото за Билц вели дека се надева дека станува збор за „груб пропуст“ на Томислав Николиќ.
Разочарани сме со гестот. Се што можеме да кажеме е дека се надеваме дека се работи за груба грешка, велат од сомалиската НВО.
Оваа организација со години се бори за тоа Башир да одговара за како што велат „најголемото злосторство по холокаустот“.
– Омар ал Башид е еден од најголемите злосторници на светот, а ние се бориме да излезе пред лицето на правдата. Тој е единствениот претседател на светот за кој Меѓународниот кривичен суд официјално распишал потерница. Тоа се ви кажува, вели соговорникот за Блиц.
Суданскиот претседател е на поретница на Меѓународниот кривичен суд оф 4 март 2009 година. Обвинет е за злосторства и геноцид, за етничко чистење на народите на три племиња: Фур, Масалит и Загхава.
Обвинет е за смрт на повеќе од 300.000 мажи, жени деца и принудно раселување на три милиони луѓе пд Дарфур. На власт дошол во 1989 г. со воен преврат.
Одликуван е на предлог на заменикот на претседателот Томислав Николиќ, Иван Мркиќ, поради тоа што не го признал Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.