Фудбалерот на Зенит, Аксел Витсел, ќе си замине од рускиот прволигаш во летниот преоден рок, а неколку големи европски клубови се интересираат за негов потпис. Како што пренесуваат медиумите од Италија, и калчолигашот Рома се приклучува во трката за негов ангажман.
Спортскиот директор на „волчицата“, Валтер Сабатини, веќе се сретнал со претставници на Зенит, и разговарале за негова преселба на „Олимпико“.
Договорот на белгискиот фудбалер истекува во јуни 2017 година, Милан, Јувентус, Рома и Тотенхем ги подготвуваат своите понуди, а неговата цена на пазарот се движи околу 30 милиони евра. Витсел настапува за Зенит од 2012 година, и неколку пати потенцираше дека ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.