| четврток, 6 декември 2018 |

Ен Хатавеј стана мајка

hatavej

Ен Хатавеј стана мајка. 33-годишната актерка и нејзиниот сопруг Адам Шулман му посакаа добредојде на синчето Џонатан Роузбенкс Шулман.

Џонатан е прво дете на славната двојка.

1

Веста ја потврдил извор близок на двојката. Хатавеј се породила на 24 март во Лос Анџелес. -Бебето е во одлична здравствена состојба и е опкружено од пријателите и со семејството во Лос Анџелес. Ен и Адам се пресреќни што станаа родители – изјавил изворот.

По четиригодишна врска, талентираната оскаровка и 35-годишниот актер стапија во брак во септември 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top