На социјалните мрежи се појави интересна детективска загатка – дали девојката на сликата е нечија жртва или се самоубила?
Сликата на која е прикажана мртва девојка со пиштол во рака и проштално писмо на масата е објавена на Имгур заедно со прашањето „Убиство или самоубиство?“, а за краток период успеа да збуни многу луѓе на интернет.
Можеби не сте Херкул Поаро, но не е тешко да воочите неколку основни траги кои ќе ве упатат кон тоа дали станува збор за убиство или самоубиство.
Можете да воочите за што станува збор?
Ако немате идеја што би можело да биде решение за случајот, ова е теоријата која е најпопуларна:
Случајот би требало да го решавате како убиство.
Јасно е дека девојката на сликата е леворака, а пиштолот го држи во својата десна рака.
Дека е леворака може да се заклучи на основа на положбата на пенкалото до прошталното писмо, но и по тоа каде се наоѓаат лименката и пепелникот.
Понатаму, до прошталното писмо има очила, па јасно е дека личноста имала проблеми со видот. Зошто некоја личност која има проблеми со видот би пишувала во мрак (тоа може да се забележи, бидејќи светилката на масата не е вклучена)?
Се претпоставува дека ако сакала да се самоубие ќе ја довршела цигарата, а и трагите од крв на ѕидот збунуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.