| четврток, 6 декември 2018 |

Заев обвини: Груевски ги држи министрите Спасовски и Ременски како заложници во Владата

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на прес-конференција по распуштањето на Собранието соопшти дека неговата партија нема да учествува на предвремените избори на 5 јуни и го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека ги држи министрите Оливер Спасовски и Фросина Ременски од редовите на СДСМ како заложници во Владата.

Nov premier Emil Dimitriev nova vlada tehnicka (9) (Large)

Според Заев, спротивно на нивната волја Оливер Спасовски и Фросина Ременски се принудени да земаат плати како министри и да ја извршуваат функцијата.

– Нашите министри многу навремено денеска ги поднесоа своите оставки со дополнителните заменици-министри. Секако одлуката видовте не зависи од нас. Некој се дрзна во заложништво да држи луѓе во влада којашто има намера да спроведе криминални избори. Ние ќе направиме се нашите министри да не бидат во таа влада. Ќе го прашате Никола Груевски и парламентарното мнозинство зошто ги држи во заложништво. Нашите министри немаат намера да учествуваат во влада којашто има намера да организира нерегуларни, нефер и недемократски избори, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top