| четврток, 6 декември 2018 |

Министрите на СДСM поднесоа оставки за да не се распушти Собранието

Како што соопшти СДСМ, доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието на Република Македонија донесена на 23 февруари, со којашто се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараат оставките претходно да се констатираат.

sdsm-ostavki

– Според договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата на Р. Македонија којашто согласно договорот од 2 јуни 2015 и Протоколот кон Договорот од 15 јули 2015 година, е формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top