Плажите и пазарите во Шарм ел-Шеик, Египет, некогаш беа полни со туристи кои уживаа во сонцето во текот на целата година. Но една деценија по политичкиот метеж и по паѓањето на рускиот авион минатата година во кој загинаа 224 патници, туристи нема, а туристичкото место на Црвеното Море е град на духови.
Годишниот број посетители речиси се преполовил поради што плажите се празни, хотелите затворени, а деловните луѓе се мачат да опстанат.
Во 2016 година Египет привлекол 346.500 туристи, споредбено со 640.200 колку што биле минатата година, според Агенцијата за статистика на таа земја. Забележан е пад од 45,9 отсто.
На плажите може да се забележат мали групи луѓе.
Во многу земји на сила е предупредувањето за патување во Египет, земја која се смета за ризична за патување поради страв од тероризам.
Меѓу последните што го напуштија ова место се Британците, кои ги откажале сите авионски линии. Виновници за ова се терористите на ИСИС кои ја презедоа одговорноста за соборување на авионот во октомври 2015 година во регионот Синаја што го држат под контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.