Томислав Јотовски повторно ќе игра во четврт-финале на турнир во египетскиот туристички бисер Шарм ел Шеик, по победата против Александар Журбин од Русија со 6-3, 6-1.
Јотовски убедливо го доби мечот и го очекува противникот за пробив во самата завршница, во полуфиналето на тенискиот турнир што се игра за награден фонд од 10 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.