| четврток, 6 декември 2018 |

Британија ги повлекува туристите од Шарм ел Шеик

20121005-stipendii-velika-britanija

Велика Британија со египетските власти работи на изготвување на вонредни мерки за повлекување на британските туристи, кои се наоѓаат во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, пренесе „AFP“, повикувајќи се на изјава на британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.
Претходно поради несреќата на рускиот авион во Египет, Лондон ги прекина летовите меѓу Велика Британија и одморалиштето.
Одлуката доаѓа по мислењето од страна на британски претставници, дека верзијата за бомба во авионот е многу веројатна.
Во исто време стана јасно дека началникот на аеродромот во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, Абдел Вахаб Али е отстранет, пренесе Интерфакс.
Началникот на аеродромот е сменет, поради растечката загриженост на голем број земји, дека несреќата на рускиот патнички авион во Египет е предизвикана од поставена бомба во период. Сепак египетските власти продолжуваат да тврдат дека безбедност на аеродромот е на високо ниво и нема потреба од никаква загриженост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top