Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа стартуваше на 100.000 долари вредниот ВТА турнир во Шарм ел Шеик, Египет.
Ѓорческа за првпат во својата кариера учествува на ВТА турнир со награден фонд од 100.000 долари, и успеа да го мине првото коло славејќи против Романката Ирина Марија Бара, во три сета со 7-5,1-6,6-2.
За македонската тенисерка ова беше слатка одмазда против Романката од која загуби во четртфиналето на претходниот турнир во Франција. Во второто коло на турнирот, Ѓорческа ќе се соочи со уште една Романка, овој пат третата носителка Ана Богдан.
Ѓорческа, заедно со својата партнерка Кристина Дину, како втори носителки, со победа стартуваше и на турнирот во игра на двојки. Во првото коло беа подобри од грчко-руската комбинација Кордолаими/ Прибилова со 6-2,6-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.