| четврток, 6 декември 2018 |

Во НУБ отворена изложбата „Холокаустот врз Ромите и Синтите и денешниот расизам во Европа“

Во организација на Амбасадата на Сојузна Република Германија и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска беше отворена изложбата„Холокаустот врз Ромите и Синтите и денешниот расизам во Европа“.

Изложбата е реализирана од Центарот за документација и култура на германските Синти и Роми (Хајделберг) во соработка со многубројни национални ромски организации во Европа. Таа го документира национал-социјалистичкиот геноцид врз Синтите и Ромите и тоа почнувајќи од нивната маргинализација и одземањето на нивните права во национал-социјалистичка Германија, па сè до нивното систематско уништување во окупираната Европа.

12924510_1704203206348043_7335933752949470844_n

Последниот дел од изложбата се однесува на актуелниот расизам против Синтите и Ромите.

На отворањето на изложбата се обратија: д-р Кристине Алтхаузер, амбасадор на Германија , д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, почесниот гостин, министерот без портфолио, Неждет Мустафа, Емран Елмази од Центарот за документација и култура на германските Синти и Роми од Хајделберг, Силке Мајер Вит раководител на Форумот Цивилна мировна служба и Сузан Амет од МИР.

Изложбата ќе биде достапна за јавноста од 6 до 16 април 2016, од понеделник до сабота, од 10.00 до 18.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top