| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ ова лето со засилен фокус на младите таленти

Идејата постои одамна, а минатата година беше успешно реализиран. Ракометниот камп „Кирил Лазаров“ повторно ќе биде организиран. Капитенот на македонската сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров во соработка со „КМГ спорт агенцијата“ вторпат ќе го организира кампот кој го носи неговото име, со цел да се создадат и обучат нови ракометари кои во иднина би го носеле националниот дрес.

kire lazarov

– Организирајќи го кампот ќе уживаме и ќе ги полниме батерите за она што не очекува во август ако даде Господ, пласманот на ЛОИ во Рио. Минатата година направиме нешто ново на овој простор. Постојат многу кампови, со сета почит кон нив, но она што го направи КМГ спорт со одличната организација е за поздравување. Што се однесува до кампот оваа година, ќе се фокусираме на македонските деца, иако е интернационален. Околу 70 % е предвидено е да бидат присутни деца од Македонија. Главен фокус годинава ќе дадеме на стручниот кадар, ќе имаме екстра тренери кои ќе работат, три до четири тренери од странство кои ќе имат предавање за нашите деца и нашите тренери, една додатна вредност која ќе ја промовираме ова лето. Интересот е голем, мене ми е драго, па така решивме да направивме две смени, за разлика од минатата година. Јас сум заштитно лице на спортскиот брен „Хумел”, па така од годинава учесниците ќе добијат и опрема од врвен квалитет – изјави Лазаров.

Во името на организаторот на кампот КМГ спорт, истакнаа спремност кампот оваа сезона да ја надмине организацијата на претходните.

kire lazarov 1

– Голема чест и задоволство, но пред се и обврска ни е што и оваа година ќе го организираме ракометниот камп Кирил Лазаров. Самот камп ќе се одржи во хотел кој содржи се што му е потребно на кампот. Мило ми е за големиот интерес кој владее помеѓу младите. Минатата година имавме место за 120 учесници, а завршивме со околу 150. Оваа година ја проширивме квотата. Драго ми е [то можеме да се пофалиме дека оваа година кампот добива интернационален карактер. Веќе имаме пријавени деца и од Данска, Шведска, Хрватска и БиХ, Поставуваме нови граници како организатор. Ние ќе дадеме се од себе за да бидеме подобри од минатата година – истакна Горан Ѓоргоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top