Во ликовниот салон при МАНУ во соработка со НУ – Национална галерија на Македонија на 7 Април (четврток) во 19:00 часот, ќе се отвори самостојната изложба на Решат Амети по повод “25 години од неговото ликовно творештво”
Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу Националната галерија на Македонија и Македонската академија на науките и уметностите преку презентирање на ликовните остварувања на истакнати автори кои имаат особено значење во развојот на македонската современа уметност.
Националната галерија на Македонија и овојпат најпрофесионално ја организира ликовната изложба на ликовниот уметник Решат Амети и тоа беше предизвик токму тука да се презентира неговото богато уметничко творештво.
Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989 година во класата на Ана Темкова, а дипломската работа ја одбранил кај Ристо Калчевски кој ја има извршено првата уметничка филтрација на Амети, кој му го иницирал интересот за геометрија, информелноста, фактурност и текстурата за магијата на белината.
Изложбата е пресек на 25 годишното творештво на авторот, опфаќајки ги сите периоди во неговото сликарство. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника и масло на платно. Решат Амети е сликар на тајната која на своите платна тој, ја открива со моќта на целокупното свое битиe барајки од гледачот на неговите слики интуитивна моќ на внатрешната рефлексија и перцепција.
Добитник е на повеќе награди и признанија како наградата за сликарство “Лазар Личеноски” од ДЛУМ- 2009 година и “11 Октомвриската награда “ за сликарство 2014година. Учесник е на многу ликовни колонии во државата и надвор.
Изложбата ќе биде отворена до 21 Април 2016 година, а ќе ја отвори Ефтим Клетников, поет. Куратор на изложбата е вишиот кустос, Маја Крстевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.