| четврток, 6 декември 2018 |

Пауза од 30 дена за Пандев поради кинење на мускулот на левата нога

CFC Genoa 1893 vs Juventus FC

Повредата што Горан Пандев ја заработи за време на дуелот со Фросиноне воопшто не е наивна, покажаа деталните лекарски прегледи извршени врз македонскиот репрезентативец во Џенова. Пандев се пожали на болка во мускулот во првото полувреме и самиот побара да биде заменет по само 20 минути игра, по што прегледите ги потврдија стравувањата дека паузата на Македонецот од терените нема да биде кратка.

– Деталните прегледи врз Горан Пандев покажаа кинење од втор степен на мускулот на левата нога – се вели во соопштението на Џенова.

Како што јавуваат италијанските медиуми, вообичаената пауза за овој вид на повреди е меѓу 30 и 40 дена, а во таборот на Џенова се надеваат дека Пандев ќе биде оспособен за камбек за градското дерби против Сампдорија, кое е на програмата на 8 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top