Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје организира промоција на најновиот роман „Доилката“ од современата македонска писателка Лијлана Пандева.
За романот ќе зборуваат Кристина Николовска и Ермис Лафазановски. Промоцијата ќе се одржи на 5 април (вторник) 2016 година во спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 19.00 часот.
Лилјана Пандева е автор на романите „Од агендата на Калина Калин“, „Канцелариски колумни“ и „Возовите од Луцерн“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.