| четврток, 6 декември 2018 |

Конте дојде на промоција во Лондон, потоа се враќа во Рим на пазарење

antonio-konte-kacket

Премиерлигашот Челси е подготвен да троши големи финансиски средства во летниот преоден рок, а веќе наголемо се шпекулира и со имињата кои би дошле на „Стемфорд бриџ“. На чело на екипата ќе застане Италијанецот Антонио Конте, кој доцна синоќа пристигна во Лондон, а во текот на денешниот ден и официјално би можел да биде промовиран во нов менаџер на Челси, почнувајќи со ангажманот веднаш по завршувањето на ЕВРО 2016. Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ објави дека сите детали се веќе договорени, па Конте ќе потпише тригодишен договор за вкупно 20 милиони евра, плус богати премии за секој од трофеите во Премиер-лигата или во ЛШ што би ги освоил на „Стемфорд бриџ“.

Јасно е дека тој најпрвин ќе треба да изврши и ремонт на тимот, да доведе неколку квалитетни засилувања, а според италијанските медиуми први на листата со желби на Конте се фудбалерите на Рома, Раџа Нинголан и за Костас Манолас.

Белгиецот Наинголан се наметна како еден од најдобрите фудбалери во средниот ред на „волчицата“ во изминатите неколку сезони, и ќе биде исклучително тешко да го задржат на „Олимпико“ во Рим. Освен од Челси, интерес за Белгиецот постои и од Јувентус, Ливерпул, Реал Мадрид, а можно е да се случи тој и дефанзивецот Костас Манолас во „пакет“ да дојдат на „Стемфорд бриџ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top