Од професори по уставно и кривично право, адвокати, па с` до пензионирани обвинители и судии, но и професори од други факултети надвор од правната струка, од специфични области поврзани со предметите на кои работи специјалното јавно обвинителство. Ова е профилот на експертите и стручните лица што специјалната јавна обвинителка ги најмила за да ја советуваат во предметите што ги води, а кои ни ги потврдија вчера од СЈО, анализира ДНЕВНИК.
Нивните услуги Јанева ги плаќа со буџетски пари, а пресметките направени врз основа на дадениот шестмесечен извештај за работата покажуваат дека тие наплатуваат илјадници евра – народни пари, дури многу повеќе од платата што ја земаат самата Јанева и нејзините обвинители-помошници. Иако нема потврда, ставката од буџетот што ја користи специјалната обвинителка за да ги плати нивните совети е договорни услуги.
Само за првите три месеци од својата работа од оваа ставка Јанева потрошила 78 илјади евра кога практично СЈО и не работеше на предмети. Иако во извештајот нема отчет за тоа колку пари се потрошени во првите месеци од 2016 по ставки, ако се следи првичното темпо колку пари за договорни услуги, каде што влегуваат и интелектуалните услуги на експертите, се трошеле во 2015, може да се заклучи дека се потрошени и десетици илјади евра и за овој првичен период.
Професор до професор
Не се знае во кој дел точно помагале овие најмени експерти имајќи предвид дека обвинителството на Јанева во неколку наврати направи намерни или ненамерни стручни грешки, пред с`, со записникот за предадените снимки од прислушувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш на чинот на примопредавањето, потоа непреземањето дејства за одземање на сите снимки за кои постои индиција дека се наоѓаат кај одредени лица, тоа што не стави правна поука и со известување, наместо со решение, го одби предметот на Виктор Цветковски од ГРОМ, па с` до упорните повици за објавените приватни прислушувани разговори во јавност заинтересираните страни сами да пријават во СЈО, иако се работи за кривично дело кое се гони по службена должност, па Јанева може да отвори предмет и без пријава.
Од СЈО вчера не ни одговорија колку вакви лица се ангажирани, за кого точно се работи и колку пари чинат, ни ветија дека ќе н` известат дополнително.
„Во изминатиот период користени се услуги од експерти и стручни лица за потребите на ова јавно обвинителство. Правните експерти кои се истакнати правници од правната наука и од практиката од областите на уставното право, кривичното процесно право и други области, дадоа свој придонес во работата на ова јавно обвинителство. Оваа практика на ангажирање експерти и стручни лица ќе продолжи и во иднина“, се вели во извештајот за работата на СЈО.
Вчера слична потврда без имиња и бројки добивме и од портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска.
– Од ангажирани експерти имаме професори од факултети, како и пензионирани судии и јавни обвинители. Воедно, имаме ангажирано експерти од специфични области кои исто така доаѓаат од професорската фела – ни изјави таа.
Она што се шпекулира во јавноста е дека била ангажирани најчесто професори или млади докторанди од Правниот факултет во Скопје. Kоментарите се дека не случајно Јанева во својот воведен говор за предметот „Тврдина“ го цитираше професорот Светомир Шкариќ. Потврда за евентуален негов ангажман нема. Се зборува дека меѓу оние што ~ помагаат на Јанева за пари е и докторанд по кривично право, но и поранешен обвинител или судија, кои често во опозициските медиуми ја фалат работата на специјалната обвинителка.
Парите за договорни услуги до плафон
Вкупниот буџет на Јанева за последните три месеци во 2015 година изнесуваше околу 1,1 милион евра. Според шестмесечниот извештај од работата на СЈО, од овие пари потрошени се речиси 221 илјада евра. Најголемата ставка во нив се токму договорните услуги, ставката од која најчесто се плаќаат услугите од типот најмување експерти. Според извештајот, за трите почетни месеци кога и немаше практично предмети на кои работеа Јанева и нејзиниот тим, на договорни услуги потрошени се речиси 78.600 евра (4.835.933,00 денари). Овие пари дури и да не се потрошени само на експерти, сепак откриваат дека стручњаците на Јанева имаат висока цена, односно за консултација или за месечно ангажирање наплаќале илјадници евра. Јанева толку пари не потрошила ни за плати за себе, својот тим и за вработените, единствено приближно толку пари (околу 76 илјади евра потрошила само за адаптација на просторот што го најми во центарот на Скопје за да го смести обвинителството).
Договорните услуги се една од најголемите ставки во буџетот на Јанева и во 2016 година. На Јанева за тековната година ~ беше одобрен буџет од 4 милиони 124 илјади евра. Од овие пари повеќе од четвртина, т.е. 1,31 милион евра се за договорни услуги. Јанева дури предвидела повеќе пари за оваа ставка од ставката за плати, која изнесува нецел 1,2 милион евра, и тоа, според првичниот персонален план, за дури 124 вработени.
При носењето на буџетот на Јанева, „Дневник“ праша за што би биле потрошени 1,31 милион евра за договорни услуги, но одговори тогаш не добивме. Во извештајот пишува дека за сите намени во јануари и февруари, односно до изготвувањето на извештајот кој беше објавен на почетокот од март, од буџетот во 2016 година потрошени се речиси 135 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пишман Катица: Во ноември Јанева врескаше во судница и бараше судење за „Пуч“, во јануари вели немало докази
-
Докази за „Пуч“ има, но не и за Јанева
-
Пратениците се изјаснија против барањата на Јанева
-
Јанева одбива да му одговори на Димовски според кои критериуми ангажира експерти и колку точно разговори има СЈО? (ВИДЕО)