Кристијан Грчевски е поранешен голман во екипата на Вардар, а сега тренер во ракометната академија на Вардар, но и во кадетскиот тим. Понекогаш е полесно да бидеш само играч и да ги слушаш советите и насоките на тренерите, а потешко кога треба самиот да смислиш тактика и да знаеш да ги дадеш вистинските совети.
– Прво почнав во академија Вардар, во Општина Кисела вода, каде што имаме деца генерации од 2000 до 2005 година, машки и женски. Се надевам со напорна работа, со доста лојалност кон клубот, ќе направиме и резултат кој ќе биде видлив. Сакав да работам, имам голема желба за работа, тоа го виде стручниот штаб, поточно Тања Медвед, и со нејзина препорака стигнав до тренер на машката кадетска екипа на РК Вардар каде што сеуште сум тренер. Моментално имаме добри резултати во првенството, се изборивме за настап на Ф4, па сега се подготвуваме за тоа.
Како е да ги водиш двете работи, тренер во РК Вардар и во ракометната академија Вардар?
– Тоа одзема многу време, меѓутоа желбата за работа со деца, воопшто што сум во ракометот не ми е пречка, туку едноставно ми дава мотив за тоа. Напорно се работи, и тоа ќе донесе резултат. Слободно време имам многу малку, но се надевам дека сега ми е време за учење како млад тренер и се снаоѓам. Тука сум секој викенд, имам утакмици во кадетското првенство, во Вардар јуниор лигата исто така имам три-четири екипи од машки и женски и сега за сега додека сме млади нели можам да издржам, па ќе видиме како ќе оди понатака. Тешко, но голема желба имам и не ми е проблем сега за сега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.