| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на рeномирани унгарско-ромски автори во „Јавна соба“

Со почеток во 19 часот во вторник, во центарот „Јавна соба“ свечено ќе биде отворена ликовна изложба на реномирани унгарско-ромски автори. Станува збор за доајените на ромската ликовна уметност, автори со најизразено творештво од 60 – тите години. Изложбата е организирана од страна на амбасадата на Унгарија во Скопје и ФРОКК од Будимпешта и е отворена за сите посетители од петти до 27. април во центарот „Јавна Соба“.

Javna soba- Public room 200x200px- all-04

Во 60-тите години од  ХХ. век започнува континуирано збогатување и застапеност на ромската уметност во Унгарија. Творештвото на овој етникум кој се смета за најсиромашен во Европа е едно од најбогатите во смисла на колорити, емоции, искрени пораки и желба за пријатество и прифаќање. Критиките на светските ликовните критичари укажуваат дека ромската култура и уметност токму во 60 – тите години доживуваат раст, преродба и добиваат светски прпознатлива форма.

Оваа генерација на 19 унгарски ромски сликари со исклучителен талент успева да  креираа култура кај Ромите по која се водат и денешните генерации кои не го акцентираат ромското потекло.

Изложбата на 19 ромски сликари, со 28 масла на платно ќе биде програмски обогатена со Бојана Фабел трио и ромска џез музика, дегустација на унгарски специјалитети. Влезот за сите посетители е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top