По повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот, во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ е отворена изложба на фотографии со илустрации насловена „Будење”..
Ова е втора изложба која ја организираат родители на деца со пречки во развојот, а неодамна беше отворена и во Струмица на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром 21 Март.
На фотосесијата учествувале деца со аутизам, Даунов синдром и со ретки болести. Изложбата е во рамки на кампањата „Будење“ чија цел е да се подигне свеста за потребите на овие лица.
– Ова се дечињата и луѓето кои се причина за едно ново „Будење“. Сите деца имаат свои соништа и желби, а начинот на кој ги остваруваат ги дефинира како личности. Како родители и луѓе кои се дел од ова општество, мораме да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат се што ќе посакаат. Но, кога ограничувањата доаѓаат во форма на попреченост, тогаш сликата ја боиме со малку поинакви бои, а работите добиваат поинаков контекст, соопштија организаторите.
Изложбата ќе биде патувачка, по Струмица и Скопје, ќе гостува и во други градови низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.