| четврток, 6 декември 2018 |

Во ДПМ промоција на стихозбирката „Постела на тишината“ од Марина Мијаковска

Во Друштвото на писателите на Македонија, во вторник, (5 април) во 12 часот, ќе биде промовирана стихозбирката „Постела на тишината“ од македонската поетеса Марина Мијаковска.

За книгата на Мијаковска ќе зборуваат Братислав Ташковски и Александра Јуруковска, а стиховите ќе ги чита Александра Велинова.

Средбата се одржува во рамките на активностите на Клубот на писателките „Даница Ручигај“ при ДПМ.

За стихозбирката „Постела на тишината“ Марина Мијаковска ја доби наградата “Бели мугри“ на Домот на културата „Кочо Раци“ од Скопје. Мијаковска е автор и на стихозбирките „Номадска душа“, „Куфери“, „Психоаналитичка алхемија од страсти“ и „Тиркиз во лето“, како и на прозната книга „Куќички“.

Дел од нејзиното творештво е презентирано во повеќе антологиски и панорамски избори на младата македонска литература.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top