Денеска, на 4 арил 2016, со почеток од 20 часот, во Галеријата при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена самостојна изложба на Андријана Мациев од Скопје, насловена како “Живот во бои“.
Андријана Мациев е родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, а дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф. Димитар Малиданов. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија. Изложува самостојно и учествува на повеќе групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата.
Добитник е на повеќе награди меѓу кои 2007 „Избор на новогодишна честитка при ФЛУ”, 2008 година Прва награда од Фондацијата Драгутин Аврамовски-Гуте, 2009 година Награда на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ од Скопје, 2010 Награда за посебен придонес во уметноста на графиката , 2011 год под насловот „Слика, Музика Поезија” има перформанси во МКЦ и клубот „Парадизо“ Активно учествува на групни изложби од 2006 год во Скопје, Белград, Инстанбул, Варна, Прилеп, Македонски Брод, Тузла, Шамелиер, Тетово, Куманово, Штип итн.
Учествува на многу работилници графички, изработка на рачна хартија, сликање со вино. Учесник на многу манифестааци, хепенинзи каде се негува и почитува уметноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.