Марк Маркез ја забележа првата победа сезонава во Мото ГП шампионатот, триумфирајќи на трката за Големата Награда на Аргентина. Со тоа, Шпанецот успеа да го расипе јубилејот на Валентино Роси, кој се надеваше дека со триумф ќе ја прослави 20-годишнината во мото-спортот.
Маркез одлично се снајде на мократа патека одлично стартуваше и и веќе во вториот круг излезе на чело на колоната, по што со извонредно возење не дозволи никој да му ги замрси сметките.
Роси на крајот ја заврши трката како второпласиран, но и таквиот пласман му е „подарок“ со оглед на фактот дека тој влезе во последниот круг на четвртото место,но двајцата возачи пред него, Андреа Довициозо и Андреа Јаноне, неочекувано излетаа од патеката оставајќи го „докторот“ да се искачи на подиумот.
Актуелниот светски првак, Хорхе Лоренцо, излеета уште во шестиот круг и не ја заврши трката, а зад Роси на денешната трка се пласираа Дани Педроза, Јуџин Лаверти и Хектор Барбера.
По две трки на првото место во генералниот пласман е денешниот победник со 41 бод, пред Валентино Роси со 33 и Дани Педроса со 27 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.