| четврток, 6 декември 2018 |

Раул: Задоволен сум од играта, сепак за да се победи Веспрем треба и малку среќа

raul gonzales

Иако екипата на Вардар не успеа да се закити со третата круна во регионалното првенство, тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес е задоволен од играта на неговите избраници на овогодинешното финале. Како што тој вели, мали нијанси го одлучија победникот, а поразот набрзо ќе биде заборавен со оглед на тоа дека за три недели клубовите повторно ќе се пресметаат, но во двомеч во Лигата на шампиони.

– Ние одигравме на висина на задачата, но сепак Веспрем е еден многу силен тим кој, ете, на крајот ја освои титулата. Мали нијанси го одлучија победникот. Ние на почетокот игравме супер, имавме и водство на полувремето, но потоа Веспрем го подигна нивото на игра и најде решение за одбраната 5-1. Во второто полувреме ние бевме поуморни и немавме сила кон крајот за да ризикуваме. Задоволен сум од играта и се надевам дека ќе ја повториме и на натпреварот во Скопје. Ќе ги извлечеме поуките од денеска и ќе го заборавиме овој меч.Игравме финале во СЕХА, а за три недели имаме четвртфинале од ЛШ и тоа е се што не интересира – дециден е Гонзалес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top