Екипата на Вардар успеа по сите перипетии во полуфиналето на фајнал-фор турнирот Вараждин во рамките од СЕХА-лигата да слави победа над ППД Загреб и да се пласира во големото финале што се игра денеска со почеток од 19 часот.
Противник на „црвено-црните“ ќе биде унгарскиот шампион Веспрем кој истотака низ „иглени уши“ се протна во финалето победувајќи ги Мешков Брест на пенали.
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, потенцира дека лекцијата од минатогодишната завршница на СЕХА е научена.
– Знаевме што нè очекува бидејќи не само што Загреб играше на домашен терен туку и станува збор за една квалитетна екипа. Свесни бевме дека ќе биде потешко од вообичаено, но ние успеавме да се избориме за финале. Очекувам и денешниот натпревар да биде тежок. Веспрем е екипа со која сме играле многу пати, лекцијата ни е научена, сега треба добро да се подготвиме и да бидеме на врвно ниво за да оствариме победа и во финалето – истакнува Раул Гонзалес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.