Вчерашниот први април, Денот на шегата, буквално го крена Скопје на нозе. Уште од раните утрински часови голем број на креативно маскирани деца од основните училишта и градинките го разубавија утрото во Skopje City Mall, каде се одржа најголемото дефиле на маски во главниот град.
Убавото расположение, позитивната енергија и смеата траеја во текот на целиот ден, а особено внимание привлече музичкиот дел кој започна од 18:00 часот. Голем број на маскирани деца заедно со своите родители го окупираа најголемиот мол за во живо да ги слушнат распеаните три македонки кои блескаат на сцената на „Пинк ѕвездички“ и важат за потенцијални финалистки и победници во шоуто. Мартија Станојковиќ, Антониа Гиговска и Елена Бимбиловска направија фантастично шоу кое следеше по настапите на на Ребис, Оринџ кидс клуб, Лајф витал и Прима Данца.
Мартија, Антониа и Елена синоќа без никаков проблем покажаа зошто целиот регион зборува за нивните гласовни можности, а жирито на „Пинк ѕвездички“ после секоја нивна изведба неможе да престане со пофалните зборови. Токму поради нивниот неверојатен талент тие се влезени во 7-от круг на натпреварувањето. Одличната музичка вечер ја заокружи Ања Ветерова, а за време на настапите во Skopje City Mall кружеше фото-патрола која ги овековечи најкреативните маски кои потоа добија вредни награди од Галерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.