| четврток, 6 декември 2018 |

Милан распали по Северина:Таа не е проблем, проблем е системот

по

Милан Поповиќ е решителен во намерата да се обиде да ги смени законите, како рамноправно би учествувал во воспитување на синот Александар кој го доби со пејачката Северина.

-Сите кои имамепартнерки кои се злонамерни мајки, не се проблем мајките, бидејќи тие секогаш ќе бидат мајки на своето дете. Проблем е што при разводот системот не предвидува мерки и санкци за несоработка на бившите сопружници или партнери. Се останува на работниците за социјална заштита и судијата-рекол тој за емисијата Проверено на хрватската телевизија.

Тој смета дека мајките законски се многу позаштитени од татковците, а неретко има случаи во кои токму поранешните партнерки ги уценуваат татковците за времето кое ќе го поминат со детето.

-За мајките кои вршат психичко насилство над татковците не постојат санкции. Имате строги закони за насилство врз мајките, но не и обратно-изјавил Поповиќ.

Продолжил да зборува дека не му пречи што детето живее кај мајката, но тоа автоматки не значи дека еден родител е законски старател на детето.

-Немам проблем со тоа детето да има адреса на живеење кај мајката, но тоа не значи дека таа е единствен старател-заклучил Поповиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top