| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана книгата „Херувимите на Самуиловата круна“ од Зоран Пејковски

Зоран Пејковски, драмски писател, поет и публицист од Битола ја промовираше својата најнова книга – „Херувимите на Самуиловата круна“ чиј издавач е Битолскиот книжевен округ.

„Херувимите на Самуиловата круна“ е публикација за истоимениот сценско-драмски рецитал кој беше одигран од актери на Народниот театар-Битола, а по повод 1000-годишнината од смртта на царот Самуил, во организација на Министерството за култура и општина Демир Хисар, истакна авторот Пејковски.

– Во книгата е пренесена една документарно-фактографска и хуманистичко-историска повест. Преку стожерниот лик на царот Самуил, но и ликовите на самуиловата сопруга Агата, ќерката Косара и синот Гаврил Радомир, но и други протагонисти се обидов да расветлам еден важен историски сегмент кој заслужува да биде документиран и публициран. Подготовката на текстот е поткрепена со богат истражувачки материјал кому ги вградив моите чувства и творечка креативност, посочи Пејковски.

Зоран Пејковски е член на Друштвото на писателите на Македонија и директор и главен и одговорен уредник на регионалниот информативен неделник „Јавност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top