Бразилското обвинителство покрена обвинение за корупција против најбогатиот банкар во светот, Џозеф Сафра (77).
Според листите на „Форнч“ и на „Форбс“ богатството на Сафра се проценува со над 18 милијарди долари.
Сафра е сопственик на холдингот „Сафра груп“, под чија сопственост е бразилската банка „Банко Сафра“, како и на висококатницата „Мери Екс“ во Лондон.
Освен за него, обвиненија се покренати за уште петмина вработени во „Сафра груп“, кои ја подмитувале администрацијата со цел да се затаи данок.
Според властите вкупната сума на дадено мито изнесува 4,2 милиони долари, а долгот кон државата се проценува на 500 милиони долари.
Банкарот Сафра е обвинет дека дал согласност за плаќање на над четири милиони долари мито на даночните ревизори. Во замена за овие поткупи, ревизорите требало да ги намалат или поништат казните наметнати за холдингот за неплатени даноци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицијата ја подготвува кривичната пријава против уапсениот советник на министерот Спасовски
-
Пазете се од оставена жена -одбил да ја финансира, па Кристина му го „паркирала“ мерцедесот во базен
-
Банкарот надигран, конечно освоена големата сума кај Лила (видео)
-
Почина еден од главните сведоци во „Диво Насеље”